Американскиот војник Бредли Менинг вчера беше осуден на 35 години затвор поради предавање на доверливи документи до тајната организација „Викиликс“. Менинг откако ја доби 35 годишната казна, реши да стане жена. Тој напиша писмо до затворот во кое објаснува дека уште од детството се чувствува како жена и дека сака од сега да го третираат како таков.
Во писмото насловено „Јас сум жена“, Менинг за себе вели дека се вика Челси и додава дека сака што е можно поскоро да почне со хормонска терапија.
Тој изрази надеж дека неговите приврзаници ќе го поддржат во таа одлука. Осудениот војник претходно се изјаснуваше како хомосексуалец, а имаше шпекулации и дека е транссексуалец.
За време на судењето, одбраната како една од причините поради кои Менинг ги открил доверливите документи ја навела и неговата конфузија околу половата ориентација, прикажувајќи му на судот една од фотогафиите на која Менинг има кармин и руса перика.
Во текот на вчерашното изрекување на пресудата, воениот судија полковникот Денис Линд изјави дека Менинг е обврзан да отслужи една третина од казната, по што би можел да стекне правно на условна казна.
Тој веќе отслужи три години, колку што се наоѓа во притвор. Според пресудата, Менинг на Викиликс му предал повеќе од 700.000 доверливи документи, депеши и дипломатски писма на американски официјални претставници. Тој во моментот кога имал пристап до тие документи, работел како аналитичар во американска воена база во Багдад.Менинг откако ја доби 35 годишната казна, реши да стане жена. Тој напиша писмо до затворот во кое објаснува дека уште од детството се чувствува как