Министерот за земјоделство Љупчо Николовски е снимен на видео како се забавува со свои пријатели во ноќен клуб во Скопје.Додека субвенциите за земјоделците се кратат, а за наредната година Владата вели дека ќе добијат само оние со поголем принос, министерот Николовски се журка во диско.
Од видеото објавено од порталот засе.мк се гледа како министерот за земјоделие Љупчо Николовски се забавува на песната „Волиш ли ме“ на српскиот пејач Аца Лукас.
На министерот Николовски во случајов не може никој да му забележи за тоа што се забавува па дури и на обскурни стихови како тие на Аца Лукас затоа што негово право е слободното време да си го организира како што сака.
Морална дилема во врска со неговото забавување може да се постави само поради кршење на законот за пушење од страна на негови пријатели во клубот. Кога Николовски се забавува, законот за пушење очигледно не важи.
Додека субвенциите за земјоделците се кратат, а за наредната година Владата вели дека ќе добијат само оние со поголем принос, министерот Николовски
Пронајдете не на следниве мрежи: