Ретко кој ќе ви рече денес да се соблечете кога ќе му влезете во станот, а оние кои ќе ви речат ќе ги сметате за „чудаци“. Но, тие сепак се во право.Ако се прашувате дали би требало да се соблечете пред врата или да влезете со чевли во домот, имајте на ум дека со обувките внесувате разни бактерии и отрови. Еве некои причини кои ќе ви дадат одговор на прашањето дали треба да ги соблечете обувките пред врата.
Бактерии
Со обувките во домот внесувате разни бактерии. Една студија од Универзитетот во Аризона ги испитувала бактериите кои се наоѓаат на обувките. Се открило дека на надворешната страна има околу 420.000 бактерии, вклучувајќи ја и Ешерихија коли, бактерии кои предизвикуваат дијареја, бактерии на белите дробови и бактерии кои предизвикуваат менингитис.
Отрови
Едно истражување спроведено од страна на “Environmental Science & Technology” открило дека со обувките во домот внесуваме разни отрови, меѓу кои се наоѓаат и некои штетни пестициди, а една друга студија покажала дека 98% оловна прашина во домот, која е исто така многу штетна, доаѓа преку обувките.
Валканост
На страната на бактериите и отровите, на обувките внесуваме и кал, прашина и валканост. Тоа значи дека ќе мора да потрошиме повеќе пари и време за чистење.
Вознемирување на станарите
Кога влегувате облечени, правите многу бучава, посебно ако имате плочки или потпетици на чевлите. Соблечете се и оставете ги станарите кои таму живеат мирно да спијат.
Стапалата сакаат да бидат слободни
Освен ако не носите специјални чевли за поддршка, кои се носат поради некој недостаток, на вашите стапала сигурно повеќе ќе им годи да не бидат заробени во чевли или патики, кога веќе не мораат. Ако се прашувате дали би требало да се соблечете пред врата или да влезете со чевли во домот, имајте на ум дека со обувките внесувате разни бактери



