Отстранувањето на шминката навечер пред спиење понекогаш ни претставува вистинско мачење, па одлучуваме да се фрлиме во кревет пред да ја извадиме. Дали ќе ја оставите шминката на вашето лице откако ќе го прочитате ова?Новинарката на “Daily mail” сакала да проба како ќе изгледа доколку не ја отстрани шминката од лицето месец дена. Веќе третиот ден околу трепките ѝ се појавиле бели цисти, а кожата станувала сѐ посува. Пријателите го приметиле тоа и рекле дека изгледа уморно. После 10 дена се разбудила со потечени очи, од грутчињата маскара.
Еден месец подоцна ја посетила дерматолошката клиника за да ја поправи штетата на лицето. Специјализиран фотоапарат открил дека текстурата на повшинскиот слој на кожата е во значително полоша состојба во споредба со претходниот месец бидејќи кожата имала недостаток на кислород. Брчките на лицето се продлабочиле поради сувата кожа.
Црвенилото на лицето уште повеќе се интензивирало, а порите се прошириле. Стручните лица тврдат дека доколку ја оставите шминката на лицето еден месец и не ја отстранувате, ќе изгледате постари за 10 години.Новинарката на “Daily mail” сакала да проба како ќе изгледа доколку не ја отстрани шминката од лицето месец дена. Веќе третиот ден окол