Мандарините се неверојатно вкусно овошје кое многумина го обожаваат. Се јадат секаде а кората редовно се фрла. Но, всушност таа е многу корисна и здрава. Има многу начини на кои може да се искористи.Ве мачи ли грлото. Еве што треба да сторите. Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ја во тегла. Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40 постотна ракија. Теглата добро затворете ја и оставете да стои недела дена на темно место. Потоа јадете по една лажица после јадење, а потоа изедете и една лажица мед.
Кората од мандарина можете да ја искористите и за вкусен десерт- зашеќерени корички
Состојки:
500- 600 гр мандарини
300- 400 мл вода
1 лажичка сол
350мл вода
Уште шеќер за валкање на коричките
Постапка:
Излупете ги мандарините и сочувајте ја кората. Кората ставете ја во лонче, прелијте ја со 300- 400мл вода и додадете една лажица сол. Гответе ја кората додека не зоврие, потоа фрлете ја водата. Ова ќе ја отстрани горчината на кората.
Проварената кора исечете ја на тенки ленти. Во друг сад помешајте 350гр шеќер со 350 мл вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додадете ка подготвената кора и се гответе на лесен оган околу половина час или додека кората не стане проѕирна, а сирупот густ.
Кората внимателно префрлете ја на цедилка да се исцеди и исуши, а потоа извлакајте ја во шеќер и распоредете ја на хартија за печење за убаво да се исуши. Чувајте ја во тегла, додавајте ја во колачи, пијалоци или грицкајте кога ќе посакате.Ве мачи ли грлото. Еве што треба да сторите. Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ја во тегла. Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или



