Во последните години, “бразилскиот” начин, е и вообичаен начин на депилација. Се поголем е бројот на жени кои на интимните делови не сакаат влакненца, но експертите предупредуваат дека целосното отстранување претставува закана за здравјето.Докторката Емили Гибсон укажува дека целосното отстранување на влакненцата го зголемува ризикот од инфекции и сексуално преносливите болести кај младата популација.
Таа објаснува дека дури и хирурзите одамна заклучиле дека бричењето на делови од телото пред операција всушност ја зголемува отколку што ја намалува можноста за појава на инфекција. Без разлика колку се скапи или комплексни апаратите кои се користат – жилети, електрични машини за бричење, пинцети, восок, електролиза…влакненцата секогаш повторно растат. А, во меѓувреме, кожата трпи последици.
Исто така, додава дека отстранувањето на влакненцата ги иритира и предизвикува воспаление на фоликулите, што може да резултира со отворени рани, појава на чир или слично. Дури некои научници тврдат дека при отстранување на влакненцата на интимните делови се повеќе подложни на инфекции и генитални херпеси поради микроскопските отворени рани. Таа укажува дека јавноста треба да разбере – срамните влакненца имаат цел зошто постојат и дека треба да се остават таму каде што припаѓаат.Докторката Емили Гибсон укажува дека целосното отстранување на влакненцата го зголемува ризикот од инфекции и сексуално преносливите болести кај мл



