Тони Трапани (81) од Мичиген по смртта на својата сакана, дознал за тајна која со години била криена од него.Кога неговата сопруга починала, Тони со тешко срце отишол до нејзиниот орман за да го среди за последен пат. Трагајќи по заедничките спомени, нашол писмо кое пред 50 години му го испратила поранешната девојка.
Во писмото пишувало дека станал татко
Оваа недела Трапани за прв пат го запознал својот син Самјуел Чајлдрес (61). Тој рекол дека е шокиран од постапката на својата покојна сопруга со која не можел да има деца.
„Не знам поради што не ми кажа за синот. Цел живот страдав поради тоа што немам деца, а всушност цело време сум имал прекрасен син“, вели Трапани.
Во писмото во кое мајката на Чајалдрес го пратила пишувало дека родила здраво машко ете и дека Трапани е таткото.
Бидејќи одговор никогаш не стигнал, Чајлдрес и неговата мајка живееле во верување дека Трапани одлучил дека не сака да биде дел од нивниот живот.
Семјуел Чајлдрес исто така страдал многу за својот татко.
„Кога и да ја прашав мајка ми како изгледа татко ми, ми велеше да се погледнам во огледало. Сега сум многу среќен бидејќи го пронајдов татко ми“, вели Чајлдрес.Кога неговата сопруга починала, Тони со тешко срце отишол до нејзиниот орман за да го среди за последен пат. Трагајќи по заедничките спомени, нашол



