Откако претседателот Ѓорге Иванов го одби мандатот, ситуацијата во државата силно се заостри

Откако претседателот Ѓорге Иванов одби мандатот за состав на новата Влада да го даде на лидерот на СДСМ Зора Заев, кој оформи мнозинство со албанските партии, ситуацијата во државата силно се заостри, пишува Блиц.рс.Доктор Саво Климовски, професор по уставно право и политички систем, некогашен претседател на парламентот, а кратко и претседател на Македонија по Киро Глигоров, за „Блиц“ објаснува дека Балканот не смее „да се опушта“.
-Ако дојде до нереди, ниту една земја на Балканот нема да биде мирна. Сите би биле наивни кога би поверувале дека Албанците ова кукавичко јајце го подметнале по изборите. Во прашање е план на широка геостратешка политика кој е скроен во Тирана, а запечатен во Приштина. Неговите творци се Еди Рама и Хашим Тачи кои тоа не го кријат. Сега сакаат побрзо да ја искористат ситуацијата и да ги протуркаат своите амбиции додека новата американска администрација не се постави. Па, замислете- претседател се меша така транспарентно во внатрешните работи на друга држава. Тоа е сериозна работа, вели Климовски, кој инаку е автор на неколку книги за уставно право и политички систем, а неговите дела се преведени на англиски и кинески. Денес е задолжен за постдипломците и докторантите и секогаш добредојден гостин и член во стручните комисии ширум поранешна Југославија.
Тој нагласува дека Македонија отсекогаш била експериментално подрачје во идејата за Призренска Лига, а кризата би можела да се прелие не само во Србија, туку и пошироко.
-Ако мислите дека нешто се менува во политиката кон братскиот српски народ, тоа е само периферен дел од големата стратегија која пробува да биде инсталирана, а таа е основана на никогаш не напуштената идеја за Призренска Лига и тоа што се случувало на балканските простори. Македонија отсекогаш била дел каде што почнува да се ескпериментира за завршниот дел од тол план. Не знам дали Грците се свесни дека следното прашање е Епир, а Србите за југот на државата, од Бујановац… тоа е една поврзана композиција, нагласува.
Некогашниот претседател вели дека во прашање се „матни игри“, нагласувајќи дека Заев „многу веројатно претходно им ветил на Албанците поддршка на платформата во замена за власт“.
-За тоа зборуваат сите албански телевизии и тие отворено се радуваа. Во Скопје дојдоа од Стејт Департментот за да проверат каква улога е одиграна и колку пари потрошил американскиот амбасадор на изборите. Мислам дека ги заболе (Албанците и Заев) тоа што народот излегува, од најмладите до пензионерите, и тоа партиски неопределените, со мирен протест да покажат: Немој да си играте со трпението на македонскиот народ затоа што тоа нема да ви пројде, тоа не се дава – категоричен е Климовски.
На прашањето да ја прокоментира резолуцијата со која Србите би се обвиниле за геноцид над Албанците меѓу двете Светски војни, Климовски е јасен: „Тоа се невидени глупости“.
-Српскиот народ со право се разлути. Па во 1912 година не ни постоеше албанска држава и сега ние треба да изгласаме некаква резолуција во Собранието дека се вршел геноцид на нив. Тоа се небулози и глупости кои нормалниот ум не може да ги поднесе. Тоа не е засновано на ниту еден документ, тоа е комплетна невистина. Тие тогаш беа минорна група, тоа го покажуваат сите статистички податоци на СФРЈ, а денес дури и одбиваат попис бидејќи се знае дека се премалку да бараат толкави правила.
Климовски отворено го поддржува потегот на претседателот Иванов повикувајќи ги и судовите да ги преиспитаат статутарните одредби на албанските партии.
-Иванов правилно постапи одбивајќи да го даде мандатот бидејќи тие бараат двојазична држава и промена на сите државни симболи. Тоа се сите обележја на суверенитетот на нацијата, а и противуставно е. Ако се тоа цели на една партија тогаш судот мора веднаш да го преиспита статутот и да го укине. Бидејќи ниту еден суд не може да легализира партија во која има елементи за рушење на уставниот поредок. Иванов јасно истакна дека нема никому да го даде мандатот за состав на Влада, доколку албанската платформа биде основа за коалиција. Па замислете некој да го бара од Вас тоа во Србија?
Како најдобро решение, Климовски гледа нови избори, но и нов Устав.
-Мора да се распушти Собранието и да се распишат нови избори, а може и да се донесе одлука, да се повика уставотворно Собрание и да се пристапи кон изработка на нов Устав врз основа на променетите околности. Тука да се преиспита и Охридскиот договор и конечно на референдум народот на Македонија да го даде конечниот резултат, заклучува Климовски.Доктор Саво Климовски, професор по уставно право и политички систем, некогашен претседател на парламентот, а кратко и претседател на Македонија по

Пронајдете не на следниве мрежи: