Oткако „удри“ по медиумите, Заев се обиде да ја укине и слободата на деловно одлучување

Опозицискиот лидер Зоран Заев очигледно повеќе не знае со кого да води битка. Тој започна да врши притисок на сите страни, па откако “удри“ по медиумите, човекот кој претендира да биде премиер започна да врши силен притисок врз домашните банки. Тој се обиде да ја укине и слободата на деловно одлучување.Бидејќи овој “удар“ е и повеќе од скандалозен, Заев доби сила да го зададе откако си постави свој партиски близок човек на местото технички заменик-министер за финансии. Кире Наумов, стоеше рамо до рамо со својот партиски лидер на денешната прес-конференција, каде заедно се обидоа да направат притисок врз банките, за свои партиско-политички цели.
Зоран Заев дури им се закани на македонските банки дека без согласност од Наумов, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.
-Пред денешната закажана аукција ги повикувам банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните на Република Македонија. Како најголеми доверители банките мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг, рече Заев утрово на прес-конференција најавена како итна.
Работата на банките, освен што ја стави под притисок, Заев на истите им се обрати како на политички противник. Така, ги обвини дека преку својата редовна работа, банките би финансирале некаква изборна корупција.
-Банките мора да имаа во предвид што и за какви цели финансираат. Им укажуваме на домашните банки дека ни стојат на располагање и други механизми за да го спречиме ова финансирање за купување на гласови од страна на власта. СДСМ ќе ги превземе сите чекори. Изборите на 24-ти април мора да бидат слободни, фер, демократски и регуларни, истакна денес лидерот на СДСМ.
Политичар чија партија речиси цела деценија е во опозиција, не смее да се меша во работите на банките. Но, Заев си дозволи да испраќа на партиска прес-конференција предупредувања до нив и да им врши притисок во работата.
За потсетување, СДСМ преку Наумов стави вето за новото задолжување со што се јави страв кај граѓаните од можно доцнење на плати, пензии и социјална парична помош.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, синоќа во вестите на Сител им соопшти убава вест на лицата од овие категории.
-Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и  сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената  пензија, рече Ставрески.
Додаде дека и  субвенциите кон земјоделците ќе може да се реализираат согласно предвидената динамика и, како што нагласи, денес, утре и во наредните денови ќе има исплата на субвенции.
– Исто така  платите на војската, на полицијата,  на здравствените работници, на  образовните работници,  на сите други коишто примаат средства од Буџетот ќе бидат исплатени редовно почнувајќи од утре па во наредните десетина дена, како и исплатата на социјалната помош, а за стопанството ќе биде редовно вратен  ДДВ, она што е најважно за  фирмите, како и исплатата на фактурите од Буџетот за извршените градежни и други работи, рече министерот за финансии.
Според него, ова внесува стабилност во економијата, сигурност за сите граѓани и сите фирми да се чувствуваат  постабилно и да знаат дека  Буџетот ќе се извршува како што и досега се извршуваше  во корист на граѓаните и на стопанството.Бидејќи овој “удар“ е и повеќе од скандалозен, Заев доби сила да го зададе откако си постави свој партиски близок човек на местото техн

Пронајдете не на следниве мрежи: