Откако беа обелоденети заканите кои до екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев ги испраќал јатакот на Зоран Заев и криминалец Дејан Трајковски – Близнакот, денес од ФБ е избришан неговиот профил од кој ги испраќаше заканите.„Еден метак кошта 2 евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти“ – Ова се дел од заканите кои преку Фејсбук до бизнисменот Орце Камчев и екс-шефот на ДБК Сашо Мијалков ги упати криминалецот Даниел Трајковски – Близнак, висок функционер во СДСМ и најблизок соработник на Зоран Заев и Петре Шилегов.
Денес профилот Перла Трајковска (именуван по неговото куче), од кој што биле испраќани заканите е избришан и неговите објави не може да се најдат.
Даниел Трајковски – Близнак е познат криминалец и висок партиски функционер во СДСМ. Тој заедно со неговиот брат Дејан, кој исто така извршува високи партиски задачи во СДСМ, имаат богати досиеја и се многу добро познати на полицијата, но и на многуте граѓани кои ги тероризирале досега. „Близнаците од Ѓорче“ поради своето агресивно однесување и изживување со недолжни граѓани успеале да се зближат со двоецот Заев-Шилегов, а додека Оливер Спасовски беше технички министер често беа забележувани и во негова близина.
И двајцата и се добро познати на полицијата бидејќи заедно во своето полициско досие имаат 21 кривична пријава. Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност, пренесе Инфомакс.„Еден метак кошта 2 евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти“ – Ова се дел од заканите кои преку Фејсбук до бизнисменот Орце Камчев
Пронајдете не на следниве мрежи: