недела, 29 ноември 2026
Најново

Отказ за негувателката која изгоре дете со кафе во градинка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Отказ од работа ќе добие негувателката која вчера истурила врело кафе врз лицето на детето додека тоа спиело во своето креветче во детската градинка „Чекорче“, клон на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром.-Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури и нема ништо да криеме. Се работи за здравјето на нашите деца и нема да толерираме вакви неодговорни работи, изјавил за НОВА директорот Јоаким Димулков.
Настанот се случил вчера во занималната на постара предучилишна група. Додека едно од девојчињата лежела во своето креветче, негователката влегла со филџан штотуку сварено кафе иако не било време за пауза. Во еден момент филџанот со врело кафе се истурил врз левата страна од лицето и окото на девојчето. Девојчето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на окото и левата јаболчница, по што било однесено на Клиниката детска хурургија од страна на родителите.
По пријава на родителите, случајот беше обелоденет во Билтенот на МВР. Полицијата работи на расчистување на случајот.-Негователката ќе добие отказ од работа и тоа ќе биде завршено до крајот на работниот ден. Постапката е во тек, запазени се сите законски процедури

Поврзани вести