ИФФК „Браќа Манаки“ соопштува дека концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за затворање на фестивалот, авторите планираа на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи и дињи, како и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво. За да се расчисти сцената ќе беше потребно време, со што би била пролонгирана церемонијата за доделување на наградите на добитниците на годинешното издание на ИФФК Браќа Манаки.Најавено е откажување на перформансот на затворањето на 37. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, во режија на Мартин Кочовски и во изведба на актери од Битолски и Прилепски театар. По тој повод, директорот на Фестивалот Благоја Куновски – Доре даде изјава за медиумите.
– Со цел да го избегнеме одложувањето на церемонијата за минимум 20 минути кои се потребни за расчистување на сцената и поставување на системот за озвучување, бевме принудени да го откажеме перформансот. Ова на ниту еден начин не беше со цел да се ограничи слободата на креативниот израз на авторот и неговата екипа што може да се види и од изведбата на перформансот на церемонијата на отворањето на фестивалот, зад која застана целиот фестивалски тим – вели Благоја Куновски, директор на ИФФК Браќа Манаки.Најавено е откажување на перформансот на затворањето на 37. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, во режија на Мартин Кочовски и во изв