Откирени се 7 планети со големина не земјата, можен е живот на нив

Меѓународен тим астрономи откриле нов ѕвезден систем што се состои од седум планети со големина на Земјата и кои се во појас во кој можно е да има умерени температури и вода, објави НАСА. 
 
 
Системот е оддалечен околу 40 светлосни години, а планетите кружат околу студена џуџеста ѕвезда Трапист-1. На три од тие планети можно е да има океани, а врз основа на процеси со кои настанале, може да се заклучи дека веројатно имаат и атмосфера.
Освен тоа, гравитациските сили што дејствуваат на планетите „ја масираат“ нивната внатрешност така што успоруваат нивно ладење. Тоа меѓу другото, значи и дека планетите би требало да бидат тектонски и геолошки активни. Дел од нив имаат густина што одговара на камени планети. Сите наведени факти заедно се добра причина за претпоставка дека во системот може да постојат услови за живот.
Ниту еден досега познат ѕвезден систем не содржи толкав број планети што наликуваат на Земјата во зона на настанокот.
Главна улога во откритието на тој систем има роботскиот телескоп со кој управувале научници од Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул. Станува збор за еден од инструментите кои поддржуваат опсервации на телескопот на НАСА, Спајсер, најголем во светот.
Планетите се откриени со т.н. транзитна метода што вклучува регистрирање на мало затемнување што се јавува кога планетите се на пат меѓу телескопот и ѕвезди. Трапист се наоѓа во соѕвездието Водолија.
Шефот на проектот Мишел Жилон од Иснтитутот Стар во Универзитетот Лиеж во Белгија, вели дека откриениот планетарен систем е фасцинантен не само затоа што има толку планети туку исите се изненадувачки слични на Земјата. Црвеното џуџе Трапист-1 има маса само 8 отсто од масата на нашето Сонце што значи дека е само малку поголема од Јупитер. Иако е во наша близина, сјајот е многу мал.
Планетите околу него кружат на мала оддалеченост.
Според собраните податоци од сите седум планети вода би можело да има во течна агрегатна состојба, но на внатрешните планети Трапист-1б,ц и д, веројатно е претопло освен можеби на некои делови. На најоддалечениот Трапист-1х веројатно е престудено ако нема дополнителни извори на греење како геолошки активности.
Во новото откритие особено интересно е што постојат некои показатели дека планетите се оформувале подалеку од црвеното џуџе, но со тек на времето му се приближиле. Научниците очекуваат дека следната генерација телескопи како Џејмс Веб и европскиот Екстремно голем телескоп, ќе овозможат потрага по податоци за вода, а можеби и живот во системот Трапист-1.
НАСА лани соопшти дека пронашле две планети што наликуваат на Земјата. Една од нив, Кеплер-452б се наоѓа во соѕвездието Лебед, а оддалечена е од Земјата 1.400 светлосни години. Планетата е поголема од Земјата во пречник за околу 60 отсто. Потребни и се 385 денови за да направи круг оклу својата ѕвезда од која е оддалечена само пет отсто повеќе отколку Земјата. Тоа небеско тело е со иста температура како и Земјата со тоа што е 20 пати поосветлена од неа. Кеплер 452б е стар е околу шест милијарди години.
Другата планета е Проксима б, е со иста големина како и Земјата и според карактеристиките е совршено тло за вонземен живот. Проксима Б е поблиску до својата ѕвезда октолку што е Земјата до Сонцето – потребни и се само 11,2 дена за да направи круг. Сепак, врз таа планета паѓаат големи количини на УВ и ретгенски зраци.
 
 
  
 
 
Системот е оддалечен околу 40 светлосни години, а планетите кружат околу студена џуџеста ѕвезда Трапис

Пронајдете не на следниве мрежи: