Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови.– Овие постапки беа закочени во МТСП повеќе од 3,5 месеци. Веднаш по назначувањето интервенирав и ги лоциравме предметите, потоа ги доставивме до Влада и експресно на првата наредна седница таа ги усвои информациите и ги донесе одлуките за давање на одобрувањето, рече Спасов.
Појасни дека станува збор за тројца инвеститори кои, како што рече, веќе имаат инвестирано значителни средства за вакви приватни институции. Тие, рече министерот Спасов, претпеле одредена штета бидејќи чекале овој период да им се издаде одобрувањето.
– Ова е одлика и начин на функционирање на техничките министри од редовите на СДСМ, но хаосот запира и постпките се откочени. Драго ми е што овие три приватни институции за стари лица брзо ќе почнат со работа очекувам во следните два до три месеци да започнат со работа и да отворат дополнителни 120 легла за стари лица, и што е најважно да отворат нови минимум 40 работни места.
Петар Старделов, еден од инвеститорите на старски приватен дом истакна дека неговиот објект е готов и подготвен за почеток.
– Но со оглед на околностите досега не бевме во можност да добиеме техничка документација за да почнеме со работа. Со брзата интервенија во Владата се надеваме дека брзо ќе започнеме со работа, рече тој.
Додаде дека капацитетот на домот што тој го отвора има најмалку 40 легла и најмалку 12 вработени на почеток, со можност, како што рече, да се прошират допопнително.– Овие постапки беа закочени во МТСП повеќе од 3,5 месеци. Веднаш по назначувањето интервенирав и ги лоциравме предметите, потоа ги доставивм