Пакистанската полиција во понеделникот уапси осуден човекојадец, бидејќи во неговиот дом е пронајдена глава од дете.Мухамед Ариф (35) и неговиот брат Мухамед Фарман (30), отслужија две години затвор поради канибализам, а пуштени се на слобода минатата година.
Полицијата изјави дека ископале преку стотина лешеви од локалните гробишта и ги изеле.
Соседите ја известија полицијата дека од нивната куќа се чувствува силна реа. Куќата ја пребаравме минатиот понеделник и пронајдовме глава од момче – изјави командантот на полицијата, Амир Абдулах.
Мухамед Ариф веднаш беше уапсен, а за неговиот брат се уште се трага.
Се проверуваат и локалните гробишта за да се утврди дали браќата повторно ги осквернавеле.Мухамед Ариф (35) и неговиот брат Мухамед Фарман (30), отслужија две години затвор поради канибализам, а пуштени се на слобода минатата година.