Откриен е еден причинител на леукемија

Членови на британскиот тим што го спроведе новото истражување претставено во списанието „Nature Genetics“, се надеваат дека резултатите ќе им овозможат да сфатат зошто некои деца не реагираат на лекувањето, што би требало да доведе до нови терапии.Делови на имунолошкиот систем кои создаваат милиони антитела знаат да погрешат и да произведуваат клетки со тенденција да станат туморски. Пациентите кои боледуваат од леукемија создаваат абнормални крвни клетки, а акутната лимфобластична леукемија е најчест облик на рак на крвта.
Одбранбениот систем создава милиони различни антитела, но информациите потребни за нивно производство се содржани само во делче на ДНК. За да креира бројни видови антитела, ДНК мора да се пресложува, а некои делови мора да се бришат.
Експертите од Институтот Сангер и Институтот за истражување рак во Лондон откриле дека истиот механизам што служи за пресложување на ДНК може да го зголеми ризикот од заболување од рак.

 
Во својата студија тимот врз примерок од 57 деца ја споредил ДНК во здравото ткиво со ДНК кај болните бели крвни зрнца. Во овој процес откриле две фази во развојот на болеста.
„Првата промена се случува пред раѓањето, меѓутоа леукемијата не се забележува се до возраста меѓу четири и десет години. Ова е поврзано со натамошни генетски промени. Откривме дека секундарните генетски промени главно ги придвижуваат оние делови на ДНК кои во клетките ги избриша истата машинерија која клетките на имунолошкиот систем ги користи за создавање антитела“, вели Д-р. Петер Кемпбел од Институтот Сангер.
Во 85 отсто од случаите лекувањето на акутната лимфобластична леукемија е успешно. Британскиот тим се надева дека токму подоброто разбирање на секундарните генетски промени би можело да помогне да се разјасни проблемот на резистенција и да се пронајдат подобри терапии.
На овој линк, прочитајте за вештачката срж создадена за лекување на леукемија.Делови на имунолошкиот систем кои создаваат милиони антитела знаат да погрешат и да произведуваат клетки со тенденција да станат туморски. Пациенти

Пронајдете не на следниве мрежи: