Откриен е ген кој предизвикува срцев удар

Американски истражувачи открија ген кој предизвикува срцев удар кај луѓето. Во научниот магазин PLOS One се појави информацијата дека американски научници од Универзитетот Дјук ја откриле генетската мутација која предизвикува проблеми со крвотокот, па дури и прерана смрт.
Според нив, таа генетска промена предизвикува висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, дијабетес, што на крајот може да доведе до смртен исход.
Резултатите од истражувањето кое траело седум години, покажуваат дека многу членови на некои фамилии умираат прерано поради овој ген.
„Пронајдената генетска грешка е многу ретка и можеби нема да доведе до објаснување за тоа како настануваат другите срцеви заболувања, но разбирањето на нејзината молекуларна природа ни нуди многу значајни информации. Истражувачите би можеле да ги применат овие сознанија при работата на некои следни проекти за тоа зошто и како се менува метаболизмот и како тие промени доведуваат до одредена болест“, соопшти тимот.Во научниот магазин PLOS One се појави информацијата дека американски научници од Универзитетот Дјук ја откриле генетс

Пронајдете не на следниве мрежи: