Откриен е кодот за лансирање на американските нуклеарки

Професорот по компјутерски науки на Универзитетот Колумбија – Стивен М. Беловин, откри еден интересен податок за нуклеарната програма на САД.Кодовите за лансирање на сите нуклеарни проектили, во текот на 20 години бил ист – 00000000. Беловин го открил ова, откако нашол документ од 2004 година на Брус Г. Блер, поранешен Ер Форс офицер кој бил задолжен за силосите.
Кодовите познати како Permissive Action Links (PALs) влегоа во употреба по кризата во Кипар во 1963-64 година, кога НАТО државите Турција и Грција беа подготвени да се нападнат.
Идејата на PALs кодовите е само Претседателот на САД да има моќ да ги искористи овие оружја. Сепак изгледа дека таа безбедносна опција била во голема мера симболична. Две декади, повеќе претседатели носеле актовка во која наводно бил кодовите кои постојано се менуваат, иако сосема е можно во актовките да биле полни со стари весници.
Податоците велат и дека кодовите не биле толку тајни, пишува Mashable.
Ова значи дека речиси секој заплет на воените трилери од 80-тите години сега е комплетно бесмислен.Кодовите за лансирање на сите нуклеарни проектили, во текот на 20 години бил ист – 00000000. Беловин го открил ова, откако нашол документ од 2004 г

Пронајдете не на следниве мрежи: