Заработката на мобилните дивизии претставува 39 отсто од оперативниот профит во првите 9 месеци од оваа година.Ако тоа го споредиме со 68 отсто од оперативниот профит во текот на 2013. година, јасно е дека Самсунг во 2016. ќе добие најмал профит од своите мобилни телефони уште од 2010. година.
Премиум смартфоните како што се Galaxy S6 Edge, Galaxy S6 и Note 5 се можеби популарни, но најголема заработка донеле евтините уреди како што е Galaxy J серијата.
Поранешните работници и директори на Самсунг сметаат дека проблемот е во тоа што компанијата повеќе се грижи за краторочната продажба на хардвери, наместо долгорочно да се занимава со тоа да им понуди единствена софтверска платформа.
Аналитичарите сметаат дека без постоењето на оваа единствена софтверска платформа не постои ништо што би ги спречило корисниците да се одлучат за поевтини смартфони.
Еден од поранешните вработени во Самсунг, тврди дека софтверот повеќе не е во сферата на интереси на компанијата и дека главно се користи како алатка за маркетинг.
„Директорите едноставно не го сфаќаат софтверот. Се разбираат во хардвер, всушност хардверот подобро го разбираат отколку било кој друг. Но, софтверот за нив е нешто небитно“ – изјавил тој.Ако тоа го споредиме со 68 отсто од оперативниот профит во текот на 2013. година, јасно е дека Самсунг во 2016. ќе добие најмал профит од своите мо