Откриен е нов опасен диносаурус

Американските палеонтолози денеска објавија дека откриле остатци на еден од најголемите копнени предатори во историјата на планетата – девет метри висок и четири тони тежок диносаурус, кој живеел пред 100 милиони години.Новооткриениот вид е наречен „Siats meekerorum“ во чест на канибалистичкото чудовиште од митологијата на американските Јути Индијанци.
„Џиновскиот месојад претставувал закана дури и за крволочните тираносауруси. Дури 30 милиони години подоцна, осум тони тешкиот тираносауурус рекс ќе ја преземе титулата на главен предатор и ќе завладее со територијата на денешна Северна Америка. Овој диносаурус бил прав колос, поголем од него бил само Т-рекс и можеби акрокантосаурот“, изјави Линдзи Зано од Универзитетот и Музеј за природни науки Северна Каролина.
Фосилните останки биле пронајдени во 2008 година на планината Седар во Јута, а на научниците им беа потребни две години да ги извадат од коските и да ги исчистат и уште неколку години да ги анализираат.Новооткриениот вид е наречен „Siats meekerorum“ во чест на канибалистичкото чудовиште од митологијата на американските Јути Индијанци.

Пронајдете не на следниве мрежи: