Откриен е подземен град во Рим

Под вилата на римскиот цар Хадријан е пронајден цел град и тунели за транспорт на робови.Под вилата на римскиот цар Хадријан пронајдени се остатоци од тунели и подземни градби, пренесуваат светските медиуми.
Тунелите се широки 2,4 метри и водат до подземен пречник од 700 метри. Научниците сметаат дека тунелите се користени за транспорт на роба, стока и робови на коли кои биле влечени од волови.
Хадријановиот комплекс е изграден во вториот век од новата ера и опфаќа имот од 296 хектари и 30 згради меѓу кои се палати, спални соби, бањи, павилјони и библиотеки.
Деловите од тунели се блокирани со земја и камења кои се срушиле со текот на времето, па затоа тие се истражувани со помош на роботи на далечинско управување на кои се вметнати камери.
После распадот на Римското царство, вилата е ограбена и оштетена, но подземниот комплекс останал недопрен, освен што времето си го направило своето.Под вилата на римскиот цар Хадријан пронајдени се остатоци од тунели и подземни градби, пренесуваат светските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи: