На вториот од трите дена жалост во Белгија, поради нас 30-те жртви во завчерашните терористички напади на аеродромот „Завентем“ и на метро станицата „Малбек“, белгиските медиуми денеска известуваат дека имало и втор бомбаш-самоубиец во терористичкиот напад на метрото, покрај еден од браќата Ел Бакрауи, Калид.На вториот од трите дена жалост во Белгија, поради нас 30-те жртви во завчерашните терористички напади на аеродромот „Завентем“ и на метро станицата „Малбек“, белгиските медиуми денеска известуваат дека имало и втор бомбаш-самоубиец во терористичкиот напад на метрото, покрај еден од браќата Ел Бакрауи, Калид.Според федералниот обвинител на Белгија, Фредерик Де Леув, засега официјално се познати тројца од терористите во двата терористички напади во Брисел. Тоа се браќата Ел Бакрауи, Калид и Ибрхаим, од кој вториот се саморазнесе на аеродромот, и Наџим Лашрауи, кој се препоставува дека оставил торба со експлозив на „Завентем“ и заминал во непознат правец.
Четвртиот бомбаш-самоубиец, што заедно со Ибрахим Ел Бакрауи се разнесе на аеродромот се уште не може да биде идентификуван и се претпоставува дека е бегалец што пристигнал од Сирија, Ирак или Авганистан, бидејќи во дата базите на земјите-членки на Европската унија не може да се пронајдат неговите отпечатоци и идентитет.
Сепак, истрагата утврдила и петти човек, а втор во терористичкиот напад на метрото и тој, исто како и третиот човек покрај Ибрахим Ел Бакрауи и Наџим Лашрауи при нападот на аеродромот Завентем, останува непознат за истрагата.
Во лап топ компјутерот што во населбата Скарбек беше пронајден во канта за отпадоци пред станот што браќата Ел Бакрауи го користеле за производство на бомбите и подготовка на нападите, беше пронајден тестамент на Ибрахим Ел Бакрауи во кој специфично го споменува и името на Мохамед Бакали.
Бакали, кој се наоѓа на издржување затворска казна за обид за диверзија и напад на нуклеарна централа во Белгија, Ибрахим го споменува како „брат во затвор“, па сега се истражува можноста и за учество од затвор на Бакали во подготовката на терористичките напади.Според федералниот обвинител на Белгија, Фредерик Де Леув, засега официјално се познати тројца од терористите во двата терористички напади во Брисе



