Откриен мамут стар 15.000 години

Руските научници се воодушевени од пронаоѓањето на зачувал леш на женкана влакнест мамут во Арктичкиот океан. Мускулното ткиво и крвта се зачувани наспроти староста од 10.000 до 15.000 години. Тоа ги зголемува шансите за клонирање на ова животно, кои треба да го изврши контроверзниот генетичар Хванг Ву Сук.
Научниците нашле крв во лешот на мамутот, кој бил изваден од замрзнатото арктичко тло.
Експерти од руското географско здружение во североисточниот федерален универзитет добро го проучиле лешот на мамутот, кој бил откриен минатиот август на островот Мали Лиаковски во рускиот арктички океан.
Шефот на експедицијата во која е откриен овој леш, Семен Григоријев изјави дека иако секоја година се откриваат мамути, овој пат е откриена женка мамут во исклучително зачувана состојба.
„Кога го пробивме мразотпод стомакот на мамутот, истече многу темна крв. Тоа е најчуден случај кој некогаш сум го видел“- објаснува Григоријев.
„ Како можела крвта да остане во течна состојба? Стара е околу 10.000 години. Мускулното ткиво беше црвено, боја на свежо месо“ – додава Семен.
За ова откритие заслужни се исклучителните услови во кои трупот на мамутот се наоѓал илјадници години.
„Паднала во дупка со вода или во мочуриште, веројатно до половина тело и тука нејзиното тело се замрзнало во водата“ – наведе Григоријев, потенцирајќи дека горниот дел на лешот бил оштетен најверојатно бидејќи го јаделе тогашните предатори.
„Ова откритие ни дава реална шанса да најдеме живи клетки, со чија помош можно е да се реализира клонирање на мамут“ – објасни рускиот научник.Руските научници се воодушевени од пронаоѓањето на зачувал леш на женкана влакнест мамут во Арктичкиот океан. Мускулно

Пронајдете не на следниве мрежи: