Откриена е „фарма на бебиња“, продавани за 1.500 долари!

Полицијата на индиската сојузна држава Маџа Прадеш, откри „фарма на бебиња“ во приватна болница која за 1.500 долари продавала и менувала деца, пренесе „Раша Тудеј“.Локалните медиуми наведуваат дека родените бебиња се од силувани жени или жени коишто имале незаконски односи, а се продавани во болницата Палаш, во областа Морар.
„Три бебиња се продадени на парови коишто немаат деца во сојузните држави Утар Прадеш и Чартисгар“ – изјави еден полицаец.
Досега се спасени две бебиња, а петмина осомничени се уапсени, меѓу кои се наоѓа и директорот на болницата и менаџерот којшто вработил група луѓе да бараат девојки со несакани бремености.
„Кога на девојка или на нејзините родители ќе им предложат прекин на бременост, лекарите во болницата ги убедуваат дека породувањето ќе биде безбедно и тајно извршено. Кога бебето ќе се роди и мајката ќе ја пуштат од болница, болничкиот персонал веднаш почнува лов на идеални парови коишто би купиле бебе“ – наведуваат од полицијата.
Полицијата во моментов ги бара и останатите деца коишто биле продадени во оваа болница.
Инаку, Индија има долга историја на проблеми со лошата состојбата на женските права. Трговија со луѓе, насилство врз жени и силувања се честа појава во таа земја, во која жените чинат 48.3% од популацијата, наведува „Раша Тудеј“.Локалните медиуми наведуваат дека родените бебиња се од силувани жени или жени коишто имале незаконски односи, а се продавани во болницата Палаш, в

Пронајдете не на следниве мрежи: