Откриена е големата тајна: Гагарин починал избегнувајќи друг авион!

Причините за несреќата за прв пат се официјално објавени, а за нив зборувал космонаутот Алексеј Леонов, член на државната комисија која ја истражувала смртта на Гагарин.
Јури Гагарин, првиот човек кој одлетал во вселената, починал во авионска несреќа во 1968 година, обидувајќи се со својот авион MIG-15 да избегне друг авион кој летал премногу блиску, а не „непознат објект“ како што се спомнуваше, јато птици или метеоролошки балон.
Леонов 20 години се обидувал да добие дозвола за да ги изнесе деталите од смртта на Јури Гагарин и на тој начин да ја разреши мистеријата која била следена од шпекулации.
Државната комисија која ја истражувала смртта на Гагарин утврдила дека тој и инструкторот Владимир Серјогин, на пробниот лет на авионот MIG-15UTI, се обиделе да избегнат авионот од типот SU-15, кој премногу се доближил – изјавил Леов. Авионот на Гагарин паднал на земјата, а двајцата пилоти починале.
“Пилотот на авионот SU-15 не ги почитуваше прописите симнувајќи се на висина од 450 метри. Го знам тоа бидејќи и самиот присуствував на инцидентот, а разговарав и со други сведоци. SU-15, додека се симнуваше, се приближи до авионот на Гагарин на само 10 до 15 метри, и тоа во облаци. Обидувајќи се да го избегне, авионот на Гагарин ја изгуби својата брзина и едноставно му немаше спас”, изјавил Леонов за телевизијата “Russia Today”.
Сепак, името на пилотот кој ја предизвикал смртта на Гагарин се уште останува во тајност. Леонов добил одобрување да раскаже што се случило, но под услов да не го открие идентитетот на пилот кој ја предизвикал несреќата. Познато е само дека пилотот денес има 80 години и е во лоша здравствена состојба.Причините за несреќата за прв пат се официјално објавени, а за нив зборувал космонаутот Алексеј Леонов, член на државн

Пронајдете не на следниве мрежи: