Откриена е гробница со мумија која е постара од првите фараони

Гробницата е откриена во областа Ком Ал-Ахмар, помеѓу Луксор и Асван, на просторот Хиераконполис – град на соколите, кој бил престолнина на древното кралство Горен Египет.Археолозите на југот од Египет открија 5.600 години стара, добро сочувана гробница со мумија која датира од времето пред првата династија на фараони – вчера соопшти египетското министерство за антиквитети.
Гробницата е изградена пред владеењето на кралот Нармер, кој бил основач на првата династија за време на чие владеење дошло до обединување на Горен и Долен Египет во 31 век п.н.е.

 
Археолозите во гробницата пронајдоа статуа на брадест маж од слонова коска, како и мумија од младич кој бил погребан во неа.
Со оглед на тоа дека е добро сочувана, гробницата ќе им пружи нови податоци на експертите за некои постари ритуали коишто постоеле пред формирањето на династиите.
Во Хиераконполис претходно се откриени гробници на кралот Нармер и кралот Ра, пред династички фараон кој го трасираше патот за обединувањето на Египет.
Археолозите на југот од Египет открија 5.600 години стара, добро сочувана гробница со мумија која датира од времето пред првата династија на фараон

Пронајдете не на следниве мрежи: