Откриена е пирамида на Водно?

Изминативе денови се појави група на Фејсбук во која се тврди дека е откриена пирамида на Водно. Притоа, овој “феномен” во последно време е многу актуелен, поради тоа што секојдневно скоро низ целиот свет се регистрираат многу стари слични градби.
Во Македонија веќе се снимени неколку прилози за пирамидата во Росоман, свингата кај Селце (Прилепско) и ред други, деновиве актуелна е пирамидата на Водно.

Дека ова тврдење не е засновано само на визуелен доказ, потврдува и пронајдокот на домашните археолози на камената плоча во Жданец. Таму е констатирано погребување на четири воини, придружени со пар коњи, впрегнати во
кочија. Тогаш е поставена хипотезата дека се работи за жртвување на гарда пред влезот во гробницата на некој локален владетел, која сеуште не е откриена.
1. локалитетот каде што е откопана камената плоча.
2.Тумулус-гробница
3.Претпоставка за влезот на целата комплекс на градби

За жал но и за среќа, дивите копачи веќе го намирисале овој локалитет, па може да се воочат диви откопувања. Позитивната страна на ова е дека веќе имаме црвсти докази за археолошки локалитет.

На фотографијата се претпоставува дека е откопан некој вид на жртвеник, но не се знае од кога датира.

Во последниве две декади, одреден број на ентузијасти пласираат многу хипотези и докази кои се косат со досегашните толкувања на модерната историја и археологија, и за жал менталитетот на поголемиот број на “мејнстрим” научниците е многу ригиден и без многу размислување ги отфрлаат овие “аматерски” хипотези. Таков е случајот со Самир Османагич и Босанската пирамида на Сонцето, која како што изминува времето се повеќе добива на научна тежина, или пак доказите на руските научници за египетските пирамиди и нивна демистификација.
Но едно е сигурно, доколку на Хајнрих Шлиман, човекот кој ја пронајде Троја, научната заедница му се исмеваше со децении за на крај постхумно да го признаат неговиот успех, тој период на исмевање во денешницата е многу пократок.
Извор: 365com.mkИзминативе денови се појави група на Фејсбук во која се тврди дека е откриена пирамида на Водно. Притоа, овој “ф

Пронајдете не на следниве мрежи: