Меѓународен тим на астрономи под водство на научници од Универзитетот „Кралицата Мери“ во Лондон, ја открија најблиската планета надвор од сончевиот систем, која орбитира околу најблиската ѕвезда до Сонцето, пренесоа светските новински агенции, повикувајќи се на објава на списанието Nature.Научниот свет го одредува откритието како голем чекор напред во побарувачката на погодни места за живот во вселената.
Планетата наречена Проксима Б, се наоѓа само на 4,2 светлосни години од Земјата (40 трилиони километри) и орбитира околу црвеното џуџе Проксима Кентаур – најблиската ѕвезда до нашата планета.
Научниците ја откриле Проксима Б откако анализирале и проверувале податоци од Европската јужна опсерваторија во Чиле над две години.
Сигнал за нејзиното присуство се покажа преку слаби флуктуации во емитуваната светлина од централната ѕвезда, кои се должат на гравитационото поле.
Проксима Б, која е приближно 1,3 пати поголема од Земјата, орбитира многу блиску до централната ѕвезда отколку нашата планета околу Сонцето.
Бидејќи Проксима Кентаур е многу побледа од Сонцето, можно е Проксима Б да се наоѓа во тн. „погодна зона“ во која температурите не се ниту премногу високи, ниту премногу ниски за да одржуваат живот и дозволуваат постоење на вода во течна состојба.
Според експертите, Проксима Б е карпеста планета како Земјата
Важното прашање на кое научниците допрва ќе бараат одговор е дали Проксима Б има атмосфера што содржи клучни елементи за биолошки живот, како што е метанот.
Во присуство на атмосфера, стручњаците претпоставуваат дека температурата на воздухот на планетата е помеѓу 30-40 степени. Во отсуство на атмосфера вредности ќе бидат меѓу 28,9 и 40 степени под нулата.
И по наводните поволни услови за живот, можноста за живот на планетата е несигурна поради радијациско зрачење од централната нејзина ѕвезда, што е 100 пати посилно од она што Земјата го добива од Сонцето.
По 1995 година, астрономите откриле околу 3.500 екстрасоларни планети (планети надвор од Сончевиот систем), но сите тие се премногу оддалечени.
Релативната близина на Проксима Б до Земјата им овозможува на научниците да добијат нејзина слика која ќе им го олесни истражувањето, па и дури да планираат идни вселенски мисии до неа во присуство на соодветна технологија.
A small, rocky planet candidate orbiting Proxima Centauri has been discovered https://t.co/X1Rp4N5Ouy pic.twitter.com/fVT7vFfXZc
— nature (@nature) August 24, 2016
Научниот свет го одредува откритието како голем чекор напред во побарувачката на погодни места за живот во вселената.
Планетата наречена Пр