Натпреварот помеѓу Тотенхем и Партизан дури три пати мораше да биде прекинат поради упад на навивачи на теренот, а некои фанови на премиерлигашкиот тим се одлучија и да го овековечат овој момент.Имено, неколку навивачи излегоа на теренот на „Вајт Харт Лејн“, а еден од нив дури ја искористи шансата да се слика со офанзивецот Ерик Ламела.
Украинскиот судија одлучи двете екипи да ги повлече од теренот на пет минути, а со разгласот стигна и опомена од официјалниот спикер дека наредниот упад ќе биде ригорозно казнет.
Моменталниот резултат меѓу двете екипи по првиот дел беше 0:0.
Интересно е тоа што сите три навивачи носеа иста маица на која беше напишано името на една компанија, така што веќе низ социјалните мрежи оваа акција ја сфатија како еден вид на реклама на „Bassbuds“ која произведува слушалките, а инаку е спонзор на Тотенхем.
Имено, неколку навивачи излегоа на теренот на „Вајт Харт Лејн“, а еден од нив дури ја искористи шансата да се слика со офанзивецот Ерик