Откриена е РЕВОЛУЦИОНЕРНА терапија за лекување на ракот!

Експертите веруваат дека се на чекор до пронаоѓање на најмоќното оружје против ракот уште од откритието на хемотерапијата.Решението во борбата против овој ефикасен убиец може да биде имунотерапијата. Се работи за лекови кои му помагаат на телото да го зајакне имунолошкиот систем и да ги напаѓа клетките на ракот, па така да се избори против болеста.
Две одвоени клинички студии кај различни типови на унапредени карциноми, покажаа дека лековите кои го зајакнуваат имунитетот можат да бидат клучни во процесот на уништувањето на клетките на туморите.
Кај клиничката студија која опфатила 260 пациенти заболени од карцином на белите дробови во завршна фаза кои го земале лекот ниволумаб, живееле во просек 3.2 месеци подолго.
„Во последните 20 години, ова е еден од најголемите чекори кога се работи за ракот на белите дробови“, изјавила д-р Џули Брамер, која била водач на оваа студија.

Во друга студија пак во која учествувале 945 пациенти со меланом, односно рак на кожата, кои го земале лекот ниволумаб во комбинација со ипилимумаб – болеста стагнирала, а живееле 11.5 месеци подолго, но само кога ги пиеле двата лека.
Инаку, се работи за еден од најтешките облици на карцином. До пред неколку години, просечната проценка за преостанат живот била максимум седум месеци.
Имунолошкиот систем има неколку механизми за препознавање на опасности и блокирање на клетките кои го напаѓаат. Меѓутоа, кај карциномите, поради што се и толку смртоносни, проблемот е што клетките на ракот можат да се „камуфлираат“, па имунолошкиот систем не ги препознава како штетни.
Еден од најголемите предизвици кој е сега пред научниците е фактот дека некои пациенти реагираат на имунотерапија, додека кај други нема никаква реакција ниту промена на состојбата. Но, експертите тврдат дека имунотерапијата би можела да ја замени хемотерапијата во наредните пет години, особено кај ракот на бели дробови и меланомот.
Резултатите од двете истражувања се претставени во неделата, на конференцијата на Американското онколошко друштво во Филаделфија, пишува Independent.Решението во борбата против овој ефикасен убиец може да биде имунотерапијата. Се работи за лекови кои му помагаат на телото да го зајакне имунолошк

Пронајдете не на следниве мрежи: