Српски Телеграф, повикувајќи се на сопствени извори од Приједор и Бања Лука, објави зошто Јелена Топиќ(29), еден месец стоела во центарот на Пиједор и молчела.Јелена еден месец предизвикуваше внимание во медиумите и јавноста стоејќи и молчејќи на плоштадот во Приједор во Босна и Херцеговина од 10 до 13 часот секој ден.
Јелена е апсолвент на Академијата за уметности во Бања Лука, отсек филмска и ТВ режија. Прво се запишала на економскиот факултет, а во втората година од студиите сватила дека тоа не е за неа, но сепак го завршила факултетот.
Јелена работела на кртаки играни и документарни филмови, а секоја година е еден од организаторите на фестивалот за студентски филм„ Дукафест“.
Се претпоставува дека целта на нејзиниот едномесечен протест е собирање на материјал за да го сними дипломскиот филм. Се зборува дека Јелена цело време имала микрофонче на себе за да ги сними коментарите на минувачите. Нејзините пријатели биле постојано околу неа и цело време ја снимале со камера и ја сликале со фото апарати.
Таа очигледно го собрала потребниот материјал за својот нов филм, а вниманието сигурно ќе го привлече кога истиот ќе го здогледа светлото на денот.Јелена еден месец предизвикуваше внимание во медиумите и јавноста стоејќи и молчејќи на плоштадот во Приједор во Босна и Херцеговина од 10 до 13 ча