Златан Ибрахимовиќ го соблече дресот по погодокот оваа сабота и го покажа истетовираното тело.Многумина се изненадија кога го видоа торзото на Ибрапреполно со нови тетоважи. Заработи жолт картон поради соблекувањето на дресот и нема да игра на натпреварот против Монако поради тоа не беше нов каприц на Швеѓанецот туку благородно дело.
„Сите се прашуваа што ми е. Се работи за 50 имиња кои привремено ги истетовирав. Тука се имињата на вистински луѓе кои гладуваат ширум светот. Тетоважите отидоа, но тие луѓе се уште постојат. Ги има 805 милиони низ целиот свет и сакам да им помогнам со Светската програма за храна. Сигурен сум дека сите заедно можеме да го решиме проблемот со глад во светот“, порача Ибра.
Златан уште еднаш се покажа како голем хуманитарец. Секоја чест!
Многумина се изненадија кога го видоа торзото на Ибрапреполно со нови тетоважи. Заработи жолт картон поради соблекувањето на дресот и нема да игра