Откриена е уште една масовна гробница на истокот на Украина

Првиот заменик на самопрогласената Народна Република Доњецк, Андреј Пургин, истакна дека бројот на телата во гробницата и нивниот идентитет се` уште не се утврдени.Во близина на селото Њижнаја Кринка, недалеку од градот Макевка во источна Украина, пронајдена е уште една масовна гробница, соопшти Андреј Пургин.
Новата гробница е лоцирана само неколку дена по официјалната потврда на ОБСЕ дека постојат три масовни гробници во областите кои неодамна ги напуштија силите на Киев, пренесе Раша Тудеј.
– Бројот на телата во гробницата и нивниот идентитет се` уште не се утврдени, изјави првиот заменик на министерот на ДНР, Андреј Пургин, а неименуван извор истакна за РИА Новости дека во меѓувреме пристигна група на меѓународни експерти кои ќе спроведат истражување.
– Околу десетна меѓународни набљудувачи моментално работат на местото на масовната гробница во близина на селото Њижнаја Кринка, изјави изворот и додаде дека во оваа група се наоѓаат експерти од Русија и Франција.Во близина на селото Њижнаја Кринка, недалеку од градот Макевка во источна Украина, пронајдена е уште една масовна гробница, соопшти Андреј Пургин.

Пронајдете не на следниве мрежи: