Со Капиталниот проект на Владата на Република Македонија, менаџиран преку Управата за заштита на културното наследство на РМ во реализација на Филозофскиот факултет во Скопје, под раководство на м-р Дејан Кебакоски од ЈНУ Институт за старословенска култура Прилеп, за само еден месец се постигнаа исклучителни резултати со вредни пронајдоци од античкото минато на Република Македонија.Во рамките на истражувањето на некропола на античкиот македонско-пелагонски град Кале, на тромеѓата помеѓу селата Норово, Подвис и Локвени, општина Кривогаштани, беа откриени десетина гробови и керамички садови, како и антички монети. Куриозитет на истражувањето е гробот со кантаросите (пехари за вино), како и репрезентативната сребрена капсула со позлата.
При откривањето на уште една гробна конструкција од раноантичкиот Македонски период, поточно од 4. век пред н. е., археолозите открија две извонредно сочувани монети на Александар III Македонски.
Тимот на м-р Дејан Кебакоски вчера пронајде уште една монета со ликот на Александар на аверсот. Монетата е на македонскиот крал Антигон Гонат. Од градот антички во Кривогаштани и Крушево.
Во рамките на истражувањето на некропола на античкиот македонско-пелагонски град Кале, на тромеѓата помеѓу селата Норово, Подвис и Локвени, општина