Откриена е вистината по смртта на Самра: Еве што ѝ правеле џихадистите!

Самра Кешиновиќ, 17-годишната тинејџерка од Австрија со босанско потекло, загина откако се обиде да избега од рацете на исламистите.Девојчето, кое со својата една година помлада другарка Сабина Селимовиќ, избегале во Сирија на 10 април 2014 година, остави и проштално писмо за своите родители во кое побара да не ја бараат бидејќи таа ќе се бори за Алах и исламистите.
Откако избегаа, девојчињата терористите ги користеа за да прават фотографии со оружје, видеа, пропаганден материјал, а освен тие фотки, нема детали за тоа што им се случувало на двете другарки. 
Медиумите од регионот неколку пати објавија вест дека девојчињата се вратиле дома, но родителите најостро ги демантираа овие тврдења. Самра била чувана во куќа на исламист со неговите жени, била мачена и буквално се изживувале на неа. Приказната ја раскажува девојка која живеела во истата куќа со нив, но имала среќа и успеала да избега. 
Инаку, девојчињата се запознале на интернет и заминале во Сирија со воз. Двете се омажиле и родиле деца.
Ико не се познати детали за тоа што точно им се случувало, она што е познато се законите на Рака.
Жените не смеат да носат ништо освен црно и мора да бидат покриени од глава до пети. Девојката која успеала да избега вели дека чизми, џемпери и сѐ она што за нас е нормална облека, таму е забрането. Доколку некој се обиде да облече нешто друго освен црно, веднаш би го казниле со камшикување.
Многу мажи, исто така биле каменувани поради најмали грешки, жени биле каменувани и до смрт. Потоа нивните тела биле оставани на улица да бидат пример. На почетокот луѓето се спротивставувале, но потоа сфатиле дека тоа скапо ќе ги чини.
Девојката раскажува дека жените не смеат да погледнат маж. Дури и ако професијата им е таква, смеат да работат само со жени. Една жена која работела како стоматолог, била обезглавена бидејќи му поправала заби на маж.
Инаку, во Рака се извршуваат сите убиства на непослушните и тоа на местото каде некогаш имало детска игра и смеа, во самиот центар. 
Инаку, Самра според последните податоци се обидела да избега од куќата, но била фатена и мачена до смрт.Девојчето, кое со својата една година помлада другарка Сабина Селимовиќ, избегале во Сирија на 10 април 2014 година, остави и проштално писмо за св

Пронајдете не на следниве мрежи: