Нигерската полиција спасила 17 трудници и 11 новороденчиња од криминалната „фабрика за бебиња“ , а сега се трага по жената за која се смета дека го планирала сето тоа.
Тинејџерките и рекле на полицијата дека сите зтруднеле од еден 23-годишен дечко, кој е уапсен. Притоа, не им било дозволено да ја напуштат куќата а храна добивале еднаш дневно.
Ова не е единствен случај во Нигерија со откривање „фабрики за бебиња“. Според податоците на ЕУ Нигерија и Кина се најголемите извори за трговија со луѓе во Европа, а државјаните на овие земји често се приморувани на проституцуја.
Според истажувањата бебињата се продаваат по цена од 4.200 евра.
Сиромашните жени што ќе останат бремени во Нигерија и немаат баш некој голем избор, доколку не се мажени општеството ги отфрла.Па така често се случува сами да се пријавуваат во овие „фабрики за бебиња“.Нигерската полиција спасила 17 трудници и 11 новороденчиња од криминалната „фабрика за бебиња“ , а сега се