ОТКРИЕНА ИЗМАМА: Сите мислеле дека е болна од неизлечлив карцином, но таа…

Меган Хадсон година дена ги лажела своите најблиски пријатели и семејството, додека тие собирале пари за да и помогнат. Изјавата на полицијата е дека Меган всушност не е болесна, уапсена е и сега се соочува со обвинение за измама и кражба.Во емисијата на доктор Phil, Меган своите лаги ги објаснува со тоа што имала потреба од внимание откако изгубила неколку блиски личности.
 ,,За 7 месеци изгубив четири члена од моето семејство со кои бев многу блиска. Го изгубив дедо ми – таткото на мојот татко, таткото на мојата мајка, прабаба ми и уште една блиска роднина. Се чувствував како никогаш да не сум била безусловно сакана, никогаш немав целосна подршка, а токму тоа го сакав” – изјавува Меган.
 Прво ја лажела нејзината маќеа и нејзиниот татко, а подоцна и нејзините пријатели.
,,Никогаш не мислев дека успеав и дека го добив тоа што го сакав. Повеќе мислев за тоа дека лажев и не знаев како да престанам.” – изјавува Меган.

Нејзината маќеа упатила подолга порака со која се извинува на страницата каде била поставена приказната на Меган, каде дарежливите луѓе би можеле да си ги повратат парите кои ги донирале.
 ,,Од неодамна дознавме дека Меган нема карцином. Го излажа своето семејство и пријателите, не убедуваше дека боледува од тешка болест повеќе од година дена. Ова го дознавме од полицијата.
Знам дека ги дониравте вашите тешко заработени пари бидејќи искрено се грижевте и ја подржувавте Меган и нашето семејство. Не можам да ви опишам колку го ценам тоа и колку ми е жал што вашата великодушност е на ваков начин искористена. Шон и јас ќе ви ги вратиме парите од својот џеп, бидејќи Меган оддамна ги има потрошено донираните пари. Уште еднаш, жал ми е што оваа вест морав на ваков начин да ја споделам” – напишала нејзината маќеа Маргарет. Во емисијата на доктор Phil, Меган своите лаги ги објаснува со тоа што имала потреба од внимание откако изгубила неколку блиски личности.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: