Откриена косовската врска на Заев

Македонската јавност сеуште е шокирана од изјавите на Зоран Заев и неговата партија која отворено се залага за воведување на двојазичност на територија на цела Република Македонија, но и од отвореното признание на Заев дека тој смета на албанското гласачко тело во Македонија, дотолку што смета дека токму СДСМ ќе однесе најголем број албански гласови, дури повеќе и од етничките албански партии ДУИ и ДПА. Неофицијално, се работи за генерал во УЧК, и висок офицер во Косовските безбедносни сили, објави Инфомакс.Многумина се прашуваат од каде е ваквата сигурност, и потреба на Заев да се додворува на албанскиот електорат, но по се изгледа дека во позадина има добро осмислена стратегија и силна поддршка од влијателни личности во Косовското подземје, односно екс-терористичко крило во Косовските безбедносни сили.
Прв показател дека на Заев му е понудена соработка со албанските екстремистички елементи од Косово беа СМС пораките кои тој му ги испраќаше на претседателот на ДПА Мендух Тачи во кои му пишуваше дека „некои од надвор го спремаат него и Рамуш Харадинај за големи работи“.
 
Оваа СМС порака со која започна одмотувањето на клопчето во врска со обидот за пуч и дестабилизација на Македонија, е прва во низата докази за соработката на Заев со некои странски фактори кои имаат интерес во разединета Македонија, нестабилна и дестабилизирана.
Неколку месеци подоцна Заев почна да објавува нелегално прислушкувани монтирани разговори, за кои сеуште не се знае од каде се, кој е прислушувачот и кој му ги предал на лидерот на опозицијата, кој воедно е и обвинет за велепредавство, предмет кој насилно се држи закочен во судските инстанци со цел да не се открие вистинскиот играч во сценариото за дестабилизација на земјата.
Со Пржинскиот договор, СДСМ се обврза дека нема да објавува од нелегално стекнатите прислушувани и монтирани снимки, но набрзо потоа на интернет се појавија неколку такви приватни разговори на лица од јавниот живот во државава. Првичното сомневање беше дека токму тие снимки паднале во рацете на криминалци кои се обидуваат да уценуваат бизнисмени и новинари кои откако одбиле нивните приватни разговори беа објавувани на интернет.
 
Набрзо потоа, во претрес во домот на првиот соработник на Заев, Закир Бекири – Чауш беа пронајдени повеќе од 70.000 нелегално стекнати прислушувани разговори, за кои веднаш се отвори сомнежот дека биле подготвени за проджба на криминалното подземје од земјава но и од странство.
 
Најголем дел од 70.000 разговори пронајдени во компјутерите на осомничените за фалсификување лични карти во фолдерот „СДСМ – Заев“ биле снимки од разговори водени меѓу функционери на ДУИ и од останатите албански партии, неофицијално пишуваше „Дневник“ од извори од истрагата врз основа на првичните анализи, минатата година.

Најзаинтересирано за овие материјали, според конверзацијата пронајдена кај осомничените, било лице од Kосово, кое било подготвено да плати поголема сума за прислушуваните разговори.
Првичните сознанија велат дека најверојатно се работи за поранешен висок офицер во УЧK.Имено, од извори од истрагата неофицијално дознаваме дека поранешниот висок офицер во УЧК, а денес висок офицер во Косовските безбедносни сили е генералот Кари Кастрати, директор на операции во Косовските безбедносни сили.
Според оперативните информации до кои дојдовме, генералот Кастрати за снимките нудел неколку стотици илијади евра на СДСМ кои требало да им бидат предадени преку Закир Бекири – Чауш. Оттука пак произлегува и поддршката која поранешните терористи од УЧК, а денес високи функционери во косовската држава му ја даваат на Заев и го уверуваат во нивна лична заложба во обезбедување на албанските гласови за СДСМ, а за возврат Заев ќе треба да воведе двојазичност во државата.
Освен ова, парите од снимките требало да се користат за финансирање на кампањата на СДСМ.

Извор: ИнфомаксМногумина се прашуваат од каде е ваквата сигурност, и потреба на Заев да се додворува на албанскиот електорат, но по се изгледа дека во позадина им

Пронајдете не на следниве мрежи: