Американските астрономи пронајдоа мала планета која кружи околу ѕвезда во соѕвездието Лира и која е најмала од повеќе од 800-те планети досега откриени надвор од Сончевиот систем.
Планетата под ознаката Кеплер-37б, е една од трите планети коишто кружат околу жолта ѕвезда слична на Сонцето во ѕвездената констелација Лира, која се наоѓа околу 210 светлосни години оддалечена од Сончевиот систем.
„Видовме многу мали планети и тие не се невообичаени. Многу чести се планетите со големина како нашата Земја, па така претпоставуваме дека помалите планети се уште почести”, вели Томас Баркли од центарот на американската агенција за вселенски истражувања NASA во Калифорнија.
Меѓутоа, колку планетата е помала, толку е потешко да биде откриена. Кеплер-37б е откриена со помош на телескопот на NASA кој го носи истото име.
Научниците посебно се заинтересирани за планетите коишто се наоѓаат во „областите што може да се населат”, односно оние кои се наоѓаат во близина на ѕвезда и кои би можеле да имаат течна вода, од какво и да е состав, што би било неопходно за некоја форма на живот.
Макфакс
Американските астрономи пронајдоа мала планета која кружи околу ѕвезда во соѕвездието Лира и која е најмала од повеќе од 800-те планети досега откр