Лабораторија и печатница за фалсификување на албански леки откриена е во Тирана, соопшти локалната полиција.
Во акцијата откриени се поголеми количини на фалсификувани леки од 1.000 апоени. Притоа се уапсени петмина албански државјани, а едно лице е во бегство.
Засега нема информации дали дел од овие фалсификувани леки биле пуштени во промет.Печатницата се наоѓала во близина на едно основно училиште во населбата Ринаси.
Maкфакс
Лабораторија и печатница за фалсификување на албански леки откриена е во Тирана, соопшти локалната полиција.