Откриена причината за катастрофалната железничка несреќа во Шпанија?

По големата железничка несреќа во Шпанија, каде што загинаа 79 луѓе се појавија голем број шпекулации за можната причина. „Црната кутија“ на возот која беше откриена, ја покажа вистинската причина за оваа катастрофлана несреќа која ги потресе сите ширум светот. 
Податоците од кутијата покажаа дека најверојатно машиновозачот во моментот на несреќата разговарал на телефон и возел со брзина од 153 километри на час, соопшти судот во Шпанија. 
Судот наведе дека машиновозачот Франсиско Хосе Гарсон Амо разговарал по телефон со еден од претставниците на државната железничка компанија „Ренфе“ и наводно во исто време читал некој документ.
Гарсон е условно обвинет за повеќе точки за убиство од небрежност.
Несреќата се случи во средата минатата недела во градот Сантјаго де Компостела. Возот излета од шини, удри во ѕид, при што четири вагони се превртеа, а во еден изби пожар. На лице место загинаа 78 луѓе, а една Американка почина во болница. 
 „Црната кутија“ на возот која беше откриена, ја покажа вистинската причина за оваа катастрофлана несреќа која ги потресе сите ширум све

Пронајдете не на следниве мрежи: