Нетрпеливост меѓу соседите е причина за крвавиот чин кој утрово околу 2 часот се случи во Велес. Четириесет и шестгодишниот С.В. утрово со чекан нападнал семејство од неговото соседство, при што од повредите починал 65-годишниот Д.Н. а им нанел тешки телесни повреди на неговата сопруга, ќерка, братот и снаата. По викотниците за помош, во собата дошле и братот на починатиот со сопругата, кои живееле на другиот кат од куќата, па осомничениот со чеканот и ним им нанел тешки телесни повреди.
По извршување на делото осомничениот, како што соопшти Обвинителството, се вратил дома и на социјалните мрежи објавил статус во кој известува дека ги убил „своите монструми“. Веднаш е приведен и од страна на надлежен обвинител до Основен суд – Велес ќе биде доставен предлог за определување на мерка притвор против него.
Како што појаснуваат од СВР Велес, според нивните првичните сознанија причина за нападот била нетрпеливоста на насилникот кон соседите.Четириесет и шестгодишниот С.В. утрово со чекан нападнал семејство од неговото соседство, при што од повредите починал 65-годи