Откриена причината за ТАЈНИТЕ СРЕДБИ: Бејли удирал шамари и влечел за уши, за да го притисне „ON“ копчето кај Ахмети!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук профил нaведува дека партијата во наредните денови ќе преземе конкретни активности да се свика Собранието и оти тоа треба да се случи што е можно поскоро да се врати стабилноста и безбедноста со евроатлантска перспектива.Според него избори на 5 јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА не претставува крај на политичката криза туку нејзино продлабочување.

– Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница, наведува Ахмети.
Ги повикуваат сите политички партии да се приклучат на иницијативата за враќање на Парламентот и да се започне заедничко решавање на кризата.
Инаку, Фејсбук статусот на Ахмети доаѓа на само еден час откако Американската амбасада порача да се свика Собранието и да се откажат изборите, и да се поништи аболицијата, а следи по вчерашната тајна средба помеѓу Ахмети, Тачи, Шеќеринска, Бејли и Орав во резиденцијата на ЕУ во Пржино за која информиравме.
Ваквите тајни средби биле зачестени во последниот период, а досега не беше познато каква е нивната содржина и за што се разговарало, но оваа реакција на Ахмети ги разјаснува работите. Средбите биле за „влечење уши“ и удирање „шамари“.
 
Пренесува ИнфомаксСпоред него избори на 5 јуни без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА не претставува крај на политичката криза туку нејзино продлабочување.

Пронајдете не на следниве мрежи: