Социолозите од универзитетот во Џорџија ги анализирале податоците на 487 хетеросексуални парови кои соработувале во големото истражување за бракот и врските. Откриено е дека паровите кои рамноправно ги делеле обврските околу децата не само што имаат најквалитетна врска, туку се и најактивни во сексуалниот живот.Во истражувањето, на родителите им биле поставени прашања за нивните обврски околу децата, нивото на конфликти во врската, редовноста на сексуалните односи и задоволството од истото. Грижата за децата била дефинирана во три димензии – физичка/емотивна, интерактивна и пасивна (чување и надгледување на децата), а се следеле четири задачи – кој е одговорен за поставување на правилата, кој ги применува правилата и дава казни, кој ги фали децата и кој си игра со нив.
Жените не се задоволни кога самостојно се грижат за децата
Резултатите од истражувањето биле поделени според тоа кој се грижи за децата: поголемиот дел од мајката, поголемиот дел од таткото или двајцата родители подеднакво.
Kaj двојките каде што жената е најмногу посветена кон децата, односно 60 отсто од анкетираните, се покажало дека тие се најмалку задоволни со сексот и сексуалните односи во бракот.
“Едно од најважните откритија е дека најпроблематичните односи кои најлошо делуваат врз квалитетот на врските и сексуалниот живот произлегуваат од фактот дека повеќето жени најмногу се грижат за децата”, вели водичот на ова истражување Даниел Л. Карлсон.
Иако најмалку задоволни со сексуалниот живот биле оние мажи кои во своите семејства го преземале поголемиот дел од грижата околу децата, нивните жени изјавиле дека биле најмногу сексуално задоволни – а задоволството од врската, редовните односи и задоволството од нив било високо кај родителите кои рамноправно учестувале во грижата околу децата.
“Заклучуваме дека и за мажите е подеднакво важно да се вклучени. За двата пола е важно таткото да учествува или да ги дели обврските околу грижите за децата”, вели Карлсон.
Социолозите од универзитетот во Џорџија ги анализирале податоците на 487 хетеросексуални парови кои соработувале во големото истражуВеројатно знаете дека секси долната облека и играњето улоги може да го освежи Вашиот сексуален живот. Но, новото истражување открива уште еден начин како родителите на мали деца можат да го подобрат својот однос, а решението е во рамноправното делење на обврските во домот.