Откриена злоупореба на државно земјоделско земјиште

Државниот инспекторат за земјоделство денеска започна акција против узурпација на државно земјоделско земјиште во штипскиот регион,  во општина Карбинци, во село долно Трогерци.Непознат сторителот без дозвола на државното земјиште со површина од околу 70 хектари засеал пченица.
По сознанијата дека има злоупотреба, инспекторите од Инспекторатот за земјоделство издадоа решение за одземање на родот.
Денеска започна жетвата на таа површина од страна на инспекторатот, а родот ќе биде запленет и продаден во  согласност со  Законот за Државен инспекторат за земјоделство.
Увид на парцелата направи и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски. На новинарско прашање околу узурпацијата на државното земјоделско земјиште Трипуновски истакна дека:
,,Земјоделците мора да ја почитуваат сопственоста и не смеат да узурпираат земјиште кое не е во нивна сопственост. Инспекторатот интензивно врши контрола на теренот и нема да биде дозволено да се случуваат злупотреби од ваков вид,,
Акцијата продолжува во текот на викендот,  а вкупната количина на ожнеана пченица ќе биде соопштена по завршувањето на жетвата. До завршувањето целата постапка  без пауза ќе ја контролираат инспектори од Инспекторатот за земјоделство на Република Македонија.Непознат сторителот без дозвола на државното земјиште со површина од околу 70 хектари засеал пченица.
По сознанијата де

Пронајдете не на следниве мрежи: