Откриени мигранти, запленета дрога, девизи, домашна ракија, цигари, свежа риба и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една измама, три обиди за нелегален влез во Република Македонија, еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, свежа риба, облека и делови за товарни возила. Задржана е следната стока:
Девизи
 
– 40.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца турски државјани, кои на прашање на царинските службеници, пријавиле дека со себе носат 5.000 евра и лични работи. При извршената контрола, во просторот за резервна гума, во багажникот на возилото, била пронајдена кеса со 50.000 евра, а во фиоката за документи, пред совозачкото седиште, бил пронајден плик со 10.000 евра. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. За сторениот прекршок, против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
 
– 10.000 евра, откриени при контрола на германски автомобил, управуван од германски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.
 
Во торбичка, сместена под возачкото седиште, се пронајдени 20.000 евра, од кои, согласно законските прописи му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Марихуана и амфетамин
 
На граничниот премин Табановце автопат е спречен обид за криумчарење кетамин и LSD. При контрола на норвешко патничко комбе, со кое за излез од државата се пријавиле двајца норвешки државјани, во мала ташничка што се носи на појас, сместена во ранец за преносен компјутер, биле пронајдени 3 полиетиленски кесички со бела прашкаста материја и 1 мала кутија со 5 хартиени ливчиња со натпис HOFMAN, кои според изјавата на патникот претставувале LSD.
 
Царинската управа, по добиена наредба од Основното јавно обвинителство Куманово, ги достави прашкастата материја и хартиените ливчиња до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења, каде по извршените анализи е констатирано дека белата прашкаста материја во сите три полиетиленски пакувања претставува кетамин-психоактивна супстанца со  халуциногено дејство, со вкупна нето маса од 2,5 грама, додека 5-те хартиени ливчињата со натпис HOFMAN претставуваат ЛСД – психотропна супстанца со халуциногено дејство и се класифицира во листа 1 на забранети психотропни супстанци
 
Царинската управа поднесе кривична пријава против возачот до надлежното јавно обвинителство.
Домашна ракија и цигари
 
– 75 литри домашна ракија, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на наплатната рампа во близина на Велес. Во багажникот на возилото биле пронајдени 15 пластични шишиња од по 3 литри и 15 шишиња од по 2 литри,  за кои возачот не поседувал доказ за потекло и платени увозни и акцизни давачки. Ракијата е привремено задржана а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
 
– 82 штеки цигари LD, Bond Street и York со македонски   акцизни маркички, откриени при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Цигарите пронајдени во багажникот на возилото, во просторот за резервна гума и во повеќе патни торби, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Свежа риба
 
– 20 килограми свежа риба, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените риби, пронајдени во две торби, сместени пред совозачкото седиште, се привремено здржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Облека
 
– 32 пара тренерки, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. На прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека носи стара облека, испратена од Турција, како помош за сиромашни луѓе, но при извршената контрола, во повеќе најлонски кеси  и една патна торба сместени во багажникот на возилото, биле пронајдени 32 пара нови тренерки, кои се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Делови за товарни возила
 
– 10 парчиња федер-платно за товарни возила, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените делови, пронајдени во задниот дел од возилото преку спуштените задни седишта, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Измама
 
Во царинската испостава Гевгелија се откриени обиди за фиктивен увоз на стока.
 
Увозник од Гевгелија пријавил за привремен увоз заради поправка на 350 кошули, со потекло од Грција, но при контрола на возилото со кое била транспортирана стоката, не биле пронајдени пријавените кошули. На тој начин направен е обид за фиктивен увоз на стока, при што би се предизвикала било каква царинска погодност, корист или право кое не  припаѓа во постапка на привремен увоз за облагородување, поради што против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатен платен налог за правното лице и мандатен платен налог за одговорното лице во правното лице.
Илегални патници
 
Во текот на минатата недела откриени се три обиди за влез на 15 илегални патници во Република Македонија.
 
На Железничката станица Гевгелија, при контрола на два товарни возови, пријавени за влез во државата, во првиот случај во три празни вагони се откриени 10 илегални мигранти со потекло од Сирија и Мароко, а во вториот случај откриени се 4 илегални мигранти со потекло од Сирија. Илегалните мигранти се предадени на полициските службеници од железничката станица за понатамошна постапка
 
Во третиот случај, на граничниот премин Ќафасан е спречен обид за нелегален влез во државата на малолетно лице. При контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, во багажникот на возилото, зад патните торби, било пронајдено лице без документи за идентификација. Врз основа на неговата изјава е констатирано дека се работи за малолетник, државјанин на Република Албанија. Возачот и илегалниот патник се предадени на полициските службеници од граничниот премин за понатамошна постапка.
 Задржана е следната стока:
Девизи

Пронајдете не на следниве мрежи: