Откриени мумифицирани остатоци при скенирање на статуа од Буда!

Минатата година, статуата на Буда за првпат ги напушти границите на Кина и беше пуштена на изложба во Музејот Дрентс во Холандија.Подоцна, статуата беше однесена во Медицинскиот центар Меандер, каде што беше скенирана. Резултатите од скенирањето покажале дека во внатрешноста на статуата се наоѓа мумифицирано тело.
Со помош на ендоскопија, беше утврдено дека во статуата се наоѓаат мумифицираните остатоци од будистичкиот учител Лиукван кој предавал во Кинеското училиште за медитација, пренесе soulspottv.
При скенирањето се откри уште една интересна работа. Имено, на местата каде што претходно се наоѓале органите во мумијата, биле најдени парчиња хартија на кои биле испишани древни кинески букви.
Примероците од коските биле однесени на ДНК тестирање и целото истражување ќе биде објавено во монографијата која ќе му биде посветена на Големиот учител Лиукван.
Мумијата во моментов се наоѓа во Унгарија и сите заинтересирани ќе бидат во можност да ја видат во унгарскиот Природонаучен музеј до мај 2015 година.
Подоцна, статуата беше однесена во Медицинскиот центар Меандер, каде што беше скенирана. Резултатите од скенирањето покажале дека во внатрешноста н

Пронајдете не на следниве мрежи: