Скандали го одбележуваат работењето на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски од СДСМ.Еден од низата кој го објави порталот „Денешен“ беше дека Ременски намерно криела документи и дека Управниот инспекторат утврди низа недостатоци во работењето.
Откако низа медиуми истражуваа и пишуваа за овој скандал, Курир денес побара став од техничката министерка, која наместо да ја зборува вистината одлучи да спинува. Така, во стилот и на други функционери на СДСМ, Ременски одлучи да ги нападне медиумите и да каже дека тие шпекулираат замолчувајќи ги официјалните документи на значајни институции.
-Тие шпекулации кои призлегоа во дел од медиумите, не би сакала да навлегувам во интерпретација на мотивите за таквите шпекулации. Она што можам најодговорно да го кажам е дека после објавата во медиум на таа шпекулација дека министерката Ременски криела некаква документација, министерството три дена по ред имаше вонреден инспекциски надзор и од Државниот управен инспекторат и од Архивот на Република Македонија и од Инспекцискиот совет. Но, она што го добивме како записник, јас можам да ги доставам до медиумите доколку има интерес да ги објават записниците во кои што беа констатирани комплетно спротивните наводи во овој дел на обвинувањата. Напротив, беше потврдено со инспекцискиот надзор на Архивот за некакво уништување на некаква архивска документација, дека се работи по закон во МТСП. Исто така и во делот на инспекцискиот совет. Во делот на записникот кој што го добивме од Државниот управен инспекторат беа нотирани одредени забелешки и недоследности во спроведувањето на Законот за архивско работење и уредбата за канцелариско работење кои биле забележувани и во минатото кога по исти такви анонимни пријави од загрижени вработени во министерството, постапувал управниот инспекторат, но тие најмалку одат во прилог на тезите дека некој нешто криел или некој нешто не доставувал до некого. Правата и одговорностите од законот за спроведување на Влада, како за министерот така и за дополнителниот заменик министер, не става пред одговорноста пред се да се грижиме за функционалноста и организацијата во МТСП наспроти обидите целокупното работење да се става на тапет во манипулативен контекст што не оди во прилог и на угледот на МТСП, а најмалку на угледот на носителите на функции кои си дозволуваат такви коментари, одговори таа.
Но, документацијата од надзорите јасно кажува дека министерката од редовите на СДСМ премолчува пред фактите.
-Државниот управен инспекторат при извршен инспекциски надзор во Министерството и труд и социјална политика и остварена средба со техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски константирал дека во министерството се кријат документи од архивата и дополнителниот заменик министер, со што директно му се оневозможува на дополнителниот заменик министер да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Закон за организација и работа на државните органи и Законот за Влада. Да биде скандалот поголем, техничката министерка не почитувала свои наредби и за тоа била прекорена, објави порталот Денешен на 21-ви месецов.
Според наводите од записникот од извршениот инспекциски надзор, Фросина Ременски презентирала Наредба од 6.9.2016 со која на вработените во министерството им наложила копија од архивскиот примерок на излезната пошта на МТСП на дневна основа до 16:30 да се доставува до допололнителниот заменик министерот.
Иронично, техничката министерка не ја испочитувала сопствената наредба при што добила укажување од управниот инспектор дека треба да овозможи непречено спроведување на наредбата.
Техничката министерка е задолжена со Решение од Управниот инспекторат да ги превземе сите мерки и дејствија за отстранување на сите недостатоци при што ако не постапи согласно Закон за управна инспекција ќе направи директен прекршок.
Поради овие документации и поради сето она што тие го откриваат, Ременски денес даде неконкретен одговор иако на јавноста и должи да одговори што досега има спроведено по најдените недостатоци во нејзиното работење!Еден од низата кој го објави порталот „Денешен“ беше дека Ременски намерно криела документи и дека Управниот инспекторат утврди н
Пронајдете не на следниве мрежи: