Археолошкиот локалитетот „Коколов Рид“ кај селото Виничка Кршла – Виничко, веќе шеста година по ред ја збогатува локалната и македонската археологија со артефакти кои го опфаќаат период од праисторијата, од третиот милениум пред нашата ера, а последните откриени наоди се датираат од 4 век од нашата ера.Со последните истражувања на источната страна на локалитетот се откриени нови 8 погребувања со кремации кои датираат од римскиот период од 4 век.
– Со археолошките истражувања на локалитетот е регистрирано раното бронзено време, од третиот милениум пред нашата ера со карактеристични погребувања за овој период, но се откриени и наоди од доцното бронзено време , истакна Јулијана Иванова , директор на Музејот „Теракота “ во Виница.
Локалитетот Коколов рид, посочи Иванова, првично се покажа како тумуларна некропола, праисториски, но од 2011 година досега утврдени се повеќ хоризонти, со погребувања и место кое било ритуално користено. Локалитетот се покажа како комплексен, бидејки со истражувањата годинава утврдивме повеќе хоризонти, место кое било ритуално користено.
Aрхеолошки наоди кои се откриени во гробовите на овој археолошки локалитет ќе ја надградуваат веќе постоечката поставка во Музејот „Теракота“.
– На просторот имаме голем избор на ќерамички садови, имаме 10 откриени садови во една кремација, керамида типична за 4-5 век од типот на сивата македонска керамика која е декорирана со печати, и е типична во нашиот случај, а ја имаме откриено во гробовите. Првин се сметаше за луксузна керамика, но констатиравме дека иста ваква керамика имаме веке откриено на археолошкиот локалитет „Горица“ на влезот на Виница на патот кон Кочани, рече Иванова.
Паралелно со истражувањата на Коколов рид кај Виничка Кршла Виничко, се одвива и конзервацијата на археолошкиот материјал од претходните години. Проектот е од национален интерес и е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија.Со последните истражувања на источната страна на локалитетот се откриени нови 8 погребувања со кремации кои датираат од римскиот период од 4 век.