Откриени се првите форми на живот на Земјата

Откриени се остатоци на бактерии стари речиси 3,5 милијарди години, за кои се смета дека се први можни знаци за живот на Земјата.Во Западна Австралија во регионот на Пилбар, се откриени остатоци од комплексен екосистем на бактерии.
„Има голем број суштества што живееле пред 3,4 милијарди години, а ова откритие ја поместува таа граница. Постојат тврдења за малку постари траги на живот во карпите на Грендланд, но тие карпи се толку деформирани, па затоа е многу тешко да се каже дали тоа што го гледате навистина постои. Овие бактериски системи во Пилбар може да се видат и на самите карпи и под микроскоп. Може да видите како овие бактерии доаѓале во контакт со седиментите на кои живееле“, изјави професор Дејвид Вејс од Универзитетот во Западна Австралија.

Покрај тоа тој вели дека повеќе не е можно да се видат индивидуални бактерии, туку стуктури кои тие ги формирале.
Според него ова откритие може да помогне во потрагата по живот на другите планети.Во Западна Австралија во регионот на Пилбар, се откриени остатоци од комплексен екосистем на бактерии.
„Има голем број суштества што

Пронајдете не на следниве мрежи: